(ВИДЕО) Џафери се налути и се закани дека ќе го распушти Собранието бидејќи немаше кворум: Ова не може да се толерира

Од:

Собранискиот претседател Талат Џафери ќе предложи седница за распуштање на Собранието, откако денеска трипати се обиде да обезбеди кворум во салата, но не успеа. Тој смета дека институцијата мора да биде функционална, без разлика дали на некого му се допаѓа тоа или не. Џафери посочи дека како присутни на списоците се евидентирале 85 пратеници. Во салата, за 79. Седница на Собранието имаше 51 пратеници, што значи недостасуваа 34 од потпишаните пратеници кои ќе земат надоместоци.

„Во сала се присутни 51 пратеник. Ги повикувам пратениците да влезат во салата. Листингот од потписите донесете ми го“, повика Џафери.

Тој повторно се обиде да обезбеди кворум: „Ги повикувам пратениците кои се надвор од салата, да влезат од салата. Службите уште еднаш да констатираат број на присутни во салата, бидејќи влегоа други пратеници“.

Имаше и нов обид.

„Потпишани за оваа седница кои ќе примат надоместок се 85 пратеници. Потпишани се 85 пратеници. Ги повикувам пратениците да влезат во салата“, кажа Џафери

По ова, тој се налути.

„Поради фактот дека пратениците се потпишаа и одлучија да не влезат во салата, Собранието нема услови да одлучува за прашањата кои се на оваа седница. Ова јасно кажува за ставот на пратениците кон Собранието. Некој мисли дека ова е нивни имот и со нивниот имот можат да се однесуваат како сакаат, но ова не е наш имот како пратеници, туку ваш имот бидејќи сте не избрале“, се обрати Џафери до пратениците.

На крајот посочи да се даде предлог за распуштање на Собранието или пак, тој ќе го стори тоа.

„Должност на сите 120 пратеници е да бидат во салата. Би било коректно тие пратеници кои не сакаат да доаѓаат во Собранието и да бидат дел од работата на Собранието до мене да поднесат барање за распуштање на Собранието, ако така мислат. Јас друг излез немам, освен да ја прекинам работата со седницата. Ако некој од пратениците мисли дека седницата ќе биде закажана со уцена и ултиматуми, мислам дека греши, било кој да е тоа, од мнозинството или опозицијата. Тој што не сака да е дел од мнозинството, треба да каже, па нека прави мнозинство со кого сака“, додаде Џафери.

Тој ја прекина седницата, по што ги повика координаторите на пратеничките групи кај него во канцеларија за да се види како ќе се продолжи со работа на оваа институција.

„Ова не може да се толерира. Знам дека сме пред годишните одмори, некој си дава себеси право да одлучува на индивидуален начин, да дејствува како што мисли, но треба да бидеме одлучни“, објасни Џафери.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси