„Движењето БЕСА денеска го одржa вториот состанок со претставниците на Институтот Arti Future од Словенија.
Главната тема на овој состанок беше проектот за развој „Кораб 2025”, во кој се предвидени многу развојни инвестициски проекти во областа на туризмот и други области кои го вклучуваат регионот од Јажинци до Охрид.
Со овој проект и албанските општини ќе генерираат економски развој кој значително ќе го подобри животниот стандард на своите жители“, се вели во соопштението на БЕСА.