„Почитуван Команданте на УЧК и претседател на ДУИ, легендарен Абаз, ти благодариме што нé продаде толку скапо!
Команданте, простете ни што тебе и твојот сијамски близнак, Муса Џафери, неправедно ве обвинувавме дека сте нé продале само за оваа куќа до нас“, велат од БЕСА.
„Кога не успеавте да го усвоите законот за воените ветерани и загинати на УЧК, кога не успеавте да направите ништо за правичната и рамномерна поделба на буџетот, кога не успеавте да го спречите антиалбанскиот проект „Скопје 2014“, кога не успеавте да го поместите ниту еден милиметар кон подобро албанското образование и кога албанската култура ја израмнивте со една коњска опашка од скопскиот плоштад, кога не успеавте да го усвоите законот за албански јазик, кога го умртвивте Охридскиот договор и кога го изгласавте државниот грб со лавот на ВМРО, сите ние се огрешивме со вас дека повод за ваквите порази е оваа зграда спроти Американската амбасада. Бевме во заблуда, па затоа се извинуваме што мислевме дека вие сте на продаделе толку евтино. Ве молиме, простете ни!
Затоа денес сме тука да ви се заблагодариме што не сте не продаделе толку евтино. Ви благодариме што цената на албанското прашање во Македонија не сте дозволиле да биде 100.000 (сто илјади) евра. Навистина би се чувствувале понижени ако би нé продаделе толку евтино. Но, сега кога разбравме дека вие сте нé продаделе за 5.000.000 (пет милиони) евра, сега го сменивме мислењето за вас. Вие навистина знаете да нé продадете скапо. Затоа уште еднаш „Ти благодариме Команданте што нé продаде за 5 милиони евра!“.
Втората причина поради која сме тука е да ја поздравиме претседателката на Тетово, г-ѓа Теута Арифи, и да и честитаме за „Улицата на чадорите“, како и за двете други светско познати атракции како што е „Затруениот град“ и „Жедниот град“ и, притоа, да и предложиме уште една туристичка атракција наречена „Палата на митото“. И предлагаме на неа седиштето на Демократската унија за интеграција, таму каде се прелеани 5-те милиони евра мито од „Маџар Телеком“ да го прогласи за туристичка атракција. Мислиме дека „Палатата на митото“ заедно со „Улицата на чадорите“, „Затруениот град“ и „Жедниот град“, би го подигнале бројот на посетители и туристи во Тетово и би го направиле Тетово токму како што сте посакале вие – симбол на труење и жед, а од сега и на мито. За да ви олесниме, ние од утре ќе поставиме неколку вакви патокази низ Тетово, за да може секој посетител да ја најде полесно „Палатата на митото“ во Мала Речица.
Почитувани граѓани на Македонија, нека биде овој настан лекција за вас на денот на изборите. Запаметете ги овие факти. 24 април доаѓа“, соопштуваат од БЕСА.