(ВИДЕО) Движење БЕСА: Што ти требаше ова Билал!?

Од:

„Како што ви ветивме, денес повторно продолжуваме со објавувањето на скандалите и фалсификувањата кои ги направил Билал Касами додека бил претседател на Движењето БЕСА. Поранешниот претседател не се задоволил со тоа што на 15 ноември ги фалсификувал имињата на претседателите на ограноците, туку отишол и понатаму.

Две недели покасно, односно на 4 декември 2017, Касами повторно ја злоупотребил службената должност и во судот поднел друг список со фалсификувани претседатели на ограноците, со што го прекршил Законот за политичките партии и докажал дека некој го наредил фалсификувањето да го тера до крај“, изјавија од Движењето БЕСА.

„Повторуваме дека внатрешните избори во Движењето БЕСА започнаа на 6 јануари 2018, додека фалсификувањето, без нитуедна законска или статутарна поткрепа и без седница на Централниот Совет, значи скришум, се случил сосема тајно.

Продолжуваме понатаму:

• Во Куманово, претседател на огранокот избран со сите статутарни норми и во присуство на голем број поддржувачи на Движењето БЕСА избран бил Шенур Османи, додека Билал Касами ова го фалсификувал во судот и како претседател на огранокот го регистрирал Дритон Рамадани кој никогаш не бил член на Движењето БЕСА.
• Во Липково легитимен претседател на огранокот е избран Фејзулах Емини, но Билал Касами во фалсификуваниот список на претседателите на ограноците го ставил Авни Салији.
• Во Харачиново, на местото на легитимно избраниот претседател, Елхам Абази, Касами на лажен начин, односно со фалсификување, напишал дека претседател на огранокот е Амир Бајрами.
• Во Бутел претседателот на огранокот Дритан Адеми во фалсификуваниот список е заменет со Бесник Идризи.
• Во Сарај, иако имало претседател избран со сите демократски обележја, Билал Касами ја злоупотребил својата должност и во судот го фалсификувал ова запишувајќи го името на Фахрудин Ибрахими.
• Во Чаир доаѓа кулминацијата на бесрамноста. Иако и гулабите на Чаир знаат дека претседател на огранокот на Движењето БЕСА во Чаир е Беким Салиу, Касами без нишка срам и совест го фалсификувал неговото име и како претседател на огранокот го напишал Рамадан Незири.
• Тука ќе спомнеме и две лица кои никој не ги познава и никој не знае дали некогаш биле во некој од собирите на БЕСА. Станува збор за мистериозните лица Куртиш Салија и Реџеп Латифовски кои во судот ги поднел како членови на Централниот Совет.

Некој што прави вакво дело, оставете што нема ништо заедничко со трумпетираната албанштина, оставете што го прекршил законот и ќе се соочи со кривична пријава за ова, но на овој начин докажал и за ниското ниво на човечност.

Немаме објаснување за тоа колку ниско може да падне еден човек за да зачува една трошка власт. Што ти требаше ова Билал!? Имајќи ја славата, вие го избравте срамот“, велат од Движењето БЕСА.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски