(ВИДЕО) Движење БЕСА: Ова е најсоодветната поделба на изборните единици

Од:

„Во Македонија, од кога пристигна демократијата и изборите како најбитен демократски процес, постојано сме биле во потрага за еден посоодветен модел на избори, кој ќе биде прифатен од сите страни – не само политички, туку и етнички. Бидејќи од изборите во 1990-та година и во сите други избори досега, албанскиот глас се повеќе ја изгуби својата политичка тежина, така што албанските пратеници постојано се избираа со повеќе гласови отколку еден македонски пратеник.  Оваа традиција не само што беше во спротивност со основниот уставен принцип, туку и предизвика политички дизбаланс во застапеноста на граѓаните во Собранието.

Преминувајќи од мнозинскиот модел, па низ тој мешан модел, мнозинско-пропорционален, па се до сегашниот изборен модел кој е целосно пропорционален со шест изборни единици, како што е конфигуриран во Македонија, предизвикувало и предизвикува се помалку доверба во изборниот процес.  И на крај, ја имаме ситуацијата на последната објавена листа на гласачи во Р.Македонија од страна на ДИК, на 5-ти август 2016, каде што во изборната единица број шест е надминат законскиот праг со плус-минус 5% разлика од другите изборни единици.

Имајќи ги во предвид овие околности, иако Движењето БЕСА излезе со својот предлог за една изборна единица со отворени листи, сега излегуваме со еден предлог подготвен за актуелниот изборен модел. На овој начин сме направиле еден комплетен нов предлог за поделбата на изборите единици, врз основа на два основни принципи: еднаквост на гласот и општински сеопфатност во соодветната изборна единица. Врз основа на нашиот предлог, секоја општина во Македонија ќе биде во одредената изборна единица, а не поделени во две, како што беше случај досега со многу општини, и бројот на гласачите во секоја единица ќе биде избалансиран, како предуслов са фер и демократски избори.

Според нас, по новата поделба изборните единици и бројот на гласачите во секоја единица ќе изгледа на следниов начин. Следниов предлог ќе им биде испратен на четирите политички субјекти вклучени во процесот на Пржино, ДИК, дипломатскиот кор во државата, ОБСЕ-ОДИХР и релевантните меѓународни организации за избори“, соопштуваат од БЕСА.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата