(ВИДЕО) Движење БЕСА: На 13. јуни сеалбански протестен марш за оставка на Груевски и Ахмети

Од:

Движењето БЕСА ќе организира протестен марш на 13. јуни, во 17.00 часот, кој ќе тргне од населбата Чаир, додека последна дестинација ќе биде Владата на РМ, каде ќе се прочитаат пораките на протестот.

Основни барања на овој протест се неотповиклива оставка на владата Груевски и Ахмети поради партизација на државата, злоупотреба на институциите, неуспехот во интегративниот пат и заради антиалбанскиот пристап, истрага и осуда на сите криминални дела на инкриминираните политичари.

„Ќе бараме од г. Заев да ги објави сите материјали кои се однесуваат на албанските вистини, особено тие што се поврзани со монтираните случаи, како што е случајот „Монструм“ – инаку ќе го сметаме и него како дел од покривање на криминалот. Ќе се изјасниме дека по објавените прислушкувања, како и по неуспехот во одбрана на некоја албанска агенда, ДУИ и ДПА не се веќе претставници на Албанците од Македонија и тие немаат веќе мандат да одлучуваат за Албанците во било какви можни преговори.

Ќе бараме ослободување на осудените од случаите „Монструм“, „Сопот“ и „Бродец“. Ќе бараме обелоденување на убиството на Харун Алиу и на неговите пријатели. Ќе бараме целосно расветлување на случајот „Куманово“, одговорност од авторите и организаторите на тоа сценарио и итно надоместување на предизвиканите штети на албанските населени места.
Ќе бараме оставка на вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, бидејќи 11 години по истекување на рокот за имплементација на тој договор, нема веќе никаква смисла за негова имплементација.

Ќе бараме оставка на вицепремиерот за евро-интеграции, бидејќи Македонија веќе неколку години назадува во евро-атлантската агенда; Ќе бараме оставка на министерот за Правда и на Јавниот обвинител, бидејќи правото во Македонија е целосно партизирана и во суштина е антиалбанска.

Ќе бараме оставка на министерот за животна средина поради неговиот неуспех во решавање на проблемот со загадениот воздух во Тетово.

Ќе бараме оставка на министерот за образование за повеќето скандали во образованието, како што е и последниот со расизмот кон Албанците во екстерното тестирање.

Ќе бараме оставка на министерот за економија, бидејќи албанските населени места во Македонија продолжуваат да бидат најсиромашните зони во земјата и, следствено, иселувањето продолжува да биде најголема болка.

Ќе бараме оставка на заменик министерот за внатрешни работи поради случајот „Куманово“; Ќе бараме оставка на претседателот на Собранието на Република Македонија поради неговиот расистички пристап кон Албанците.

Ќе бараме албанскиот јазик да биде официјален јазик во целата територија на Р. Македонија.

Ќе бараме правична распределба на буџетот на Р.М Ќе бараме нов договор за редефинирање на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и Македонците.

Маршот има сеалбански карактер и движењето БЕСА е само иницијатор на овој марш. Затоа, маршот нема да има партиски обележја на Движењето БЕСА. Поаѓајќи од ова, Движењето БЕСА јавно ги повикува албанските политички субјекти, Движењето за реформи во ДПА, Националната Демократска Преродба, како и другите невладини организации, но и интелектуалците, уметниците, новинарите и другите јавни личности заедно да формираат Совет за организација на овој протестен марш. На тој совет Движењето БЕСА ќе има само еден глас и ништо повеќе.

Ние сметаме дека денес е историски момент да ги оставиме зад нас групните, партиските и другите интереси и да се сплотиме во одбрана на албанскиот интерес во Македонија. Затоа, во наредните денови ќе бидеме во контакт со сите субјекти и јавни личности, сето тоа со намера да се постигне поголема сплотеност на албанскиот фактор во Македонија. Нека се слушне албанскиот глас на 13 Јуни во Скопје! Под албанско знаме и под албанска химна“, стои во соопштението на движењето БЕСА.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата