(ВИДЕО) Движење БЕСА: Лицемерството на ДУИ нема крај

Од:

„Само пред месец и неколку дена, поточно на 18 Јануари, кога Никола Груевски во својот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ реши да го распушти Собранието, прв кој го поддржа на овој пат беше токму Али Ахмети заедно со пратениците на ДУИ, кои гласаа „ЗА“ распуштање на Собранието и како последица на тоа, организирање на избори на 24. Април годинава.

Иако сите знаевме дека избирачкиот список не беше пречистен, а немавме ни нов договор за законот за медиуми, прашања за кои особено инсистираа САД и ЕУ, во таа ситуација на Али Ахмети не му трепна окото и без никакво двоумење, помеѓу изборот да се биде со САД и ЕУ, од една страна, и на страната на Никола Груевски, од друга страна, тој сепак избра да биде со својот долгогодишен владин партнер, со кого досега заедно реализирале многу антиалбански проекти. како: „Скопје 2014“, „Монструм“, „Диво Насеље“, значи тој се постави на страната на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски“, изјавија од Движењето БЕСА.

„А денес, кога е јасно дека единствената агенда на која инсистираат САД и ЕУ се слободни и демократски избори, ДУИ сака да ја искористи оваа ситуацијата преправајќи се како да се на страната на меѓународната заедница, со тоа што го променија ставот за изборите и сакајќи да се покажат невини во оваа ситуација, како ние да сме ја изгубиле меморијата, и сакаат да покажат како отсекогаш да биле на страната на меѓународната заедница.

Но, веќе на сите им е јасно на која страна се Али Ахмети и ДУИ и на која страна се Албанците. Нам, како Албанци од Македонија, јасна ни е агендата, ние знаеме  со кого треба да го градиме партнерството и од која страна ни доаѓа ризикот. Албанците се проамерикански и проевропски народ и тие го имаат избрано својот пат, кој води кон НАТО и ЕУ, и на овој пат ниту еден Албанец не се двоуми за да го изоди. Само тие Албанци кои се цврсто врзани со Никола Груевски и неговата проруска ориентација, само тие не можат да опстојат на овој пат и затоа се принудени да ја играат оваа игра на лицемерство. Но, оваа работа кај Албанците веќе не поминува. Маските се паднати и на сите им е јасно веќе кој е на чија страна во ова држава“, рекоа од БЕСА.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата