ВИДЕО: Двегодишно девојче од Скопје во последен момент испратено на операција на коскена срцевина во Турција

Од:

Социјалните мрежи викендов се преплавени со честитки и благодарности до докторката Аспазија Софијанова – Цули од Детската клиника и нејзиниот тим оти во петокот со, како што велат, натчовечки напори, во последен момент, успеале да испратат двегодишно дете на операција во Турција. Софијанова за „А1он“ објасни дека девојчето со неспецифична ретка болест блиска до леукемија, било пациент на „Универзитетската клиника за детски болести“ од мај годинава. Било сместено на онколошкиот оддел, а последните денови пред да замине, откако му се влошила состојбата било симнато на одделот за интензивна нега. Тука му ја следеле состојбата додека траеле преговорите за операција на коскената срцевина. Успеале да најдат соодветен донор на клиника во Турција, а итноста ја забележала Софијанова која во петокот попладне на дежурство забележала дека се бројат часови до моментот кога ќе стане неопходно детето да биде ставено на апарати оти му се влошувало дишењето.

„Тоа беше моментот кога морав да алармирам дека детето веднаш треба да се пренесе во клиниката во Турција каде што веќе е договорена операцијата. Ако го ставевме на апарати тоа дополнително ќе го отежнеше транспортот и можеше да ја искомплицира операцијата. Успеавме, заедно со тимот за само неколку часа да најдеме авион кој што функционира како мини интензивна нега, да го организираме превозот од клиниката до аеродромот, а наидовме и на голема соработка од вработените на аеродромот кои што многу помогнаа детето и мајката да ги поминат административните процедури по скратена постапка. Медицинската екипа од Турција го прифати детето, а им го предадовме јас и една дежурна сестра од Детска клиника“, вели докторката Софијанова.

Нагласува дека заедно со Фондот за здравствено осигурување и со Министерството за здравство успеале да се организираат во „една секунда до дванаесет“ . Конзилиум со лекарите од онколошкото одделение во Детската клиника имале во четвртокот на кој ги усогласиле ставовите дека детето треба да отпатува, а во петокот кога состојбата со дишењето се влошила, доцна вечерта детето било пренесено на клиника во Турција каде што веќе е договорена операција на коскена срцевина.

Болеста хистоцитоза, која според Софијанова е уште полоша од леукемија , на девојчето му била дијагностицирана на Детската клиника но со помош од Фрајбург, Германија, каде што неколку пати испраќале материјал пред да ја одредат дијагнозата.

Клиниката пак во Турција ја одбрале поради тоа што таму се пријавиле вкупно 30 компатибилни донори на коскена срцевина. Софијанова е оптимист дека операцијата ќе заврши со посакуваниот резултат. Таа нагласи дека успешна трансплантација на коскена срцевина веќе била направена и кај нас, но на 15–годишно дете.

Транспортот на двегодишното дете со специјален медицински авион од Турција чини 15- 20 илјади евра, а операцијата околу 150 илјади евра, кои ќе ги покрие Фондот за здравствено осигурување.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

По тешката операција, принцезата од Велс замина на одмор за закрепнување

А1он

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски