(ВИДЕО) Две возила изгореа во Аеродром: „Не разбуди силен звук, слушнавме пукање на гуми“

Од:

Две возила се опожарени во пожар кој настанал околу четири часот утринава во близина на ТЦ Скопјанка во скопската населба Аеродром. Во пожарот нема повредени лица, а го пријавил жител од блиската зграда кој се разбудил од силниот звук.

„Не разбуди силниот звук во четири часот наутро. Слушнавме пукање на гуми, се исплашивме од големиот оган и чад. Веднаш пријавивме во Пожарна и пожарот набрзо беше изгаснат“, истакна за „А1он“ очевидец од настанот.

Настанот за „А1он“ го потврдија и од МВР.

„Во 04.15 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ настанал пожар во патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р.(31) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, рекоа од МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он