(ВИДЕО) Две деца се тешко повредени откако родители на играчи на „Шкупи“ влетаа на терен и нападнаа фудбалери на „Брегалница“

Од:

Тежок инцидент се случи денеска во Штип по натпреварот на младинските екипи (генерација 2009-2010) на „Брегалница“ и „Шкупи“ од Чаир. До инцидентот дошло кога родители на децата од гостинскиот клуб влегле во теренот и почнале да ги тепаат играчите на „Брегалница“. Две деца се тешко повредени, од кои едното има скршена нога, а другото повреди на главата. Инцидентот се случи при резултат 2:1 во корист на „Брегалница“.

43-годишен родител на фудбалер од скопскиот фудбалски тим „Шкупи“ физички нападнал и повредил два малолетни фудбалери на „Брегалница“ за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на двата тима одигран на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, велат од Министерството за внатрешни работи.

– Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брутална тепачка меѓу навивачи и полиција, запален автомобил, коњаницата ги растера демонстрантите

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Заедно пиеле, па го претепале до смрт – обвинение за двајца скопјани

Мајка и ќерка се истепале пред ресторан во Кавадарци

18-годишник од Скопје е осомничен за убиство на познаник