ВИДЕО: Дваесетина деца тепаат малолетник зад „Бисер“

Од:

До редакцијата на А1он пристигна видео на кое се гледа како дваесетина малолетници тепаат едно дете, додека огромен број и момчиња и девојчиња стојат наоколу.

Како што се гледа на снимката инцидентот се случил зад трговскиот центар „ Бисер“

Читателите кои ни ја испратија снимката велат дека е од пред недела дена, сепак ова не можевме да го потврдиме бидејќи ваков настан не е пријавен во полиција.

А1он се обиде да добие информација од МВР, но отаму велат дека пријава за физичко насилство врз момче немаат добиенo. Во изминатиот период имало само една пријава за насилство од овој тип и се работи за женски лица, малолетнички и тој настан бил расчистен.

„На 11.03.2023 во 00.15 часот во Полициска станица Аеродром А.П.(41) од Скопје пријавила дека на 10.03.2023 околу 22.00 часот во трговски центар на подрачје на Аеродром нејзината малолетна ќерка по претходно недоразбирање била физички нападната од неколку малолетни женски лица.  Преземени се мерки за расчистување на случајот.“, велат од МВР

Дали за инцидентот од снимката се работи за нов случај кој не е пријавен се уште во полиција или пак е од минатата година кога и беа актуелни „договорени групни тепачки“ помеѓу малолетници, се уште нема потврдена информација.

Групните тепачки беа актуелни во текот на летниот период а најмногу пријави имаше токму за трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром и во Дебар маало, каде тинејџерите се собирале на „договорена тепачка“.

На една таква „договорена тепачка“ како што тогаш објави А1он се собрале повеќе од 300 деца, но за среќа полицијата брзо реагирала и ги растерала групите со што спречила да дојде до поголем инцидент.

Би можело да ве интересира

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он