ВИДЕО: Дваесет и осум мигранти откриени во Лојане и Ваксинце, три лица се приведени

Од:

Дваесет и осум мигранти се пронајдени изутринава во акција на полицијата при претрес во две куќи во селата Лојане и Ваксинце, а три лица се приведени во врска со случајот.

Како што информира денеска Сузана Праниќ Талевска, од Секторот за односи со јавност во МВР, припадници на Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со Единицата за прво распоредување и полициски службеници од СВР Куманово, по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово рано изутринава извршиле претрес во две куќи во селата поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

– При извршениот претрес во домот и помошни простории во сопственост на лицето Ќ.А. (66) во селото Ваксинце пронајдени се 10 лица мигранти од Бангладеш поради што Ќ.А. и Ф.А .(27) и двајцата од село Ваксинце се приведени, додека во селото Лојане при претрес на дом и помошни простории во сопственост на А.А. (48) кој е во моментов надвор од државата биле пронајдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан и две од Авганистан меѓу кои и четири малолетни лица. Во врска со настанот приведено е лицето З.А. од селото Лојане, информира Праниќ Талевска.

Во текот на денешниот ден приведените лица ќе бидат изведени пред суд, мигрантите ќе бидат префрлени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418в од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка