ВИДЕО: Дувло за стаорци кај службениот влез на инфективното одделение во Велес

Од:

Половина година зјае дупка кај службениот влез на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес. Дупката е покриена со искршена иверка, а отворена е поради дефект на мрежата за парно греење. Лекарите, кои секојдневно го користат службениот влез, за проблемот алармираа на социјалните мрежи и предупредија дека дупката е одличен простор за стаорците кои се шетаат околу одделот да пренесат болести.

„Ова е службен влез на инфективно одделение! Токму тука, половина година стои ‘декор’ дупка покриена со скршена иверица! Оваа дупка чека или некој да ја поправи водоводната мрежа и линијата за парно греење или некој да пропадне во неа! Но, да пропаднеш и не е толку страшно… Блиску е Хирургија! Поопасни се стаорците, кои си шетаат околу одделот, а можеби и внатре и имаат одличен простор за пренесување на други заразни болести!“, напиша на „Фејсбук“, Славица Трајкова, лекарка во инфективното одделение.

Таа јавно побара менаџментот на болницата да го санира дефектот или да ја затрупа дупката и да не заборави да направи дератизација.

Директорот на Општата болница Велес, Божидар Бојаџиев, вели дека дупката останала отворена поради тоа што болницата нема пари и поради обврската за затворање да се направи тендер на кој ќе се избере фирма.

„Ова е трошок кој не е предвиден во нашиот буџет, а е не е тајна дека Болницата и со пари е кнап. Мора да распишеме и тендер за да избереме фирма. Се работи за сериозен и голем проблем со цевките за парно греење од дупката токму до инфективното одделение кој го најдоа нашите екипи. Дупката нема да остане отворена, тоа не е во наш интерес. До почетокот на грејната ќе најдеме начин да ја затвориме“, изјави директорот Бојаџиев за „А1он“.

За него е неразбирливо што лекарите, јавно, преку социјални мрежи му се обраќаат оти вели дека и самите тие што реагираат знаат добро во каква е состојбата во здравствената установа.

Грејната сезона, период до кој директорот Бојаџиев посочи дека ќе биде затворена дупката, почнува на 15 октомври.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Приведен 39-годишник од Велес осомничен за кражба во домот на негов сограѓанин

Горан Наумовски