ВИДЕО: „Дубиоза Колектив“ и Кирил Џајковски на новогодишната прослава на Општина Центар

Од:

Популарниот бенд „Дубиоза Колектив“ и Кирил Џајковски од 22:30 на новогодишната вечер ќе ги забавуваат сите центарци, скопјани и жители на Република Македонија кои сакаат добра музика.

Градоначалникот на општина Центар денеска ја промовираше новогодишната програма и овој пат, традицинонално, под наслов „Град во градот“.

На Сквер Јадран, на 30-ти јануари, во 12:00 часот ќе се организира новогодишна детска програма, а вечерта, од 21:00 часот настапуваат „The Sound Messengers” (Ерик Фокс и Симона Поповска) со шпанска музика, а по нив, Day Off и Суперхикс и на 31-ви, старата 2015-та ќе ја испратиме и ќе ја дочекаме новата 2016-та со “Дубиоза Колектив“ и Кирил Џајковски, заедно со T.K. Wonder.

„Ги канам сите центарци, скопјани и граѓани на Македонија да дојдат на Сквер Јадран, во одлична атмосфера да ја испратиме 2015-та и да ја дочекаме 2016-та година“, рече Жерновски.

Пеце од „Суперхикс“ и Ерик Фокс изразија благодарност до општина Центар за поканата, но и за организацијата на овој настан.

Целата новогодишна прослава ќе чини 3.500.000 денари.

„Ако видиме кој се’ ќе учествува, тогаш ова е одлична понуда. Ги знам сумите на градот и на другите општини. Општина Центар нуди квалитет“, рече Жерновски.

Пеце од „Суперхикс“ додаде дека тоа е „половина од хонорарот на Цеца“.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски