(ВИДЕО) Драма во Кисела Вода: Жена се онесвести во обид да спречи рушење на куќа

Од:

„Не ја давам ниту куќата, ниту имотот. Не давам да рушат, сето ова, овде е мое. Имам две тапии и куп документи, не може да градат“, изјави за А1он Силвана Ивановска на која и се слошило во моментот кога багери на градежна фирма дошле да ја рушат лепенката до нејзината куќа, во населбата Кисела Вода.

На улицата Димо Хаџи-Димов, се случуваше вистинска драма, соседите не дозволува багерот да ја сруши куќата на чие место треба да се гради станбена зграда. Стоеја пред багерот и не му дозволуваа да руши при што Силвана се онесвести. Екипа на Брза помош, дојде да и помогне на жената, а друга екипа на полицијата се обидуваше да ги смири двете раскарани страни.

Градежните работници пред камерата на „А1он“ покажаа дека имаат решение за рушење на куќата, а пред објектот имаше и табла со одобрение за градба, податоци за изведувачот и инвеститорот. Но, сепак ова за Ивановски не е доволно, тие тврдат дека овие документи се фалсификат, а за рушењето требало да имаат и согласност од нив кои живеат во куќа- лепенка до објектот што треба да се изгради.

„Од Општината ни велат дека не требало согласност за рушење, но колку што сме запознаени со законите кои важат во оваа држава , тој без наше одобрение не смее да руши. Нема да го дозволиме тоа. Куќата ќе ни се распука.Син ми веќе е во Општина Кисела Вода, ги имаме сите документи, а ако треба нашите права ќе ги бараме и пред суд“, вели Стева Ивановска.

Градежните работници по денешниот настан се повлекоа од објектот за рушење. Од следната недела треба да продолжат со работа и како што ни рекоа за да се заштитат ќе побараат полициска асистенција при изведувањето на работите на терен.

Од Општината Кисела вода, велат дека инвеститорот што треба да гради ги има сите документи, елеборати и дозволи, но тие сепак на барање на соседите решиле да да го стопираат изведувањето на градежните работи за да се извршат увид уште еднаш во документацијата дадена при одобрение за градба.

Соседите пријавиле дека има нерешени имотно- правни прашања при купо- продажба на земјиштето, но и тука општинарите не нашле никаков пропуст, односно инвеститорот покажал имотниот лист од лицето од кое го купил земјиштето. Затоа од таму, Ивановски ги упатиле за своите права да се информираат во Катастар дали таму има некаков пропуст при купопродажба на земјиштето и доколку сметаат дека се оштетени своите права да си ги побараат пред надлежен суд.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода