Илјадници средношколци со марш кон Владата и Министерството за образование по дождот-да им кажат дека нема да пројдат реформите на власта.
Тие порачуваат дека ако треба секој ден ќе се излегува на улици, се додека власта не попушти. Го отфрлаат договорот помеѓу МОН и Средношколската унија за која велат дека не знаат кого го претставува.
– Ова се средношколците и сите средношколци се во Пленумот, а ние викаме-нема да пројде овој обид да не замолкнат и да ни наметнуваат нивни реформи. Ние сме иднината на оваа држава и ние сами ќе ја одредиме каква ќе биде,порачаа на почетокот на маршот.