(ВИДЕО) Георгиева: Најмладиот пациент поради експлозија на петарда има девет години

Од:

Над 80 проценти од повредените од пиротехнички средства се малолетни лица, велат статистиките на Клиниката за пластична хирургија. Доктор Гордана Георгиева во интервју за „Макфакс“ вели дека последиците од експлозија на петарди во дланка можат да бидат фатални и да доведат до целосна ампутација на дланката. Според неа, кампањата што ја спроведуваше Клиниката, но и МВР, дала плод. Бројот на повредени од пиротехника се намалува. „Над 80 проценти од повредените од пиротехнички средства се малолетни лица. Кампањата што ја спроведовме минатата година во речиси сите основни училишта во Скопје даде плод. Учениците не ги знаат последиците кои може да се настанат од употреба на петардите. Мислам дека кампањите за подигнување на свесноста дадоа резултат. Од експлозија на пиротехника доаѓа до хедикеп, дури и ампутација на прст, но и цела дланка“, вели доктор Георгиева.

Тимот на Клиниката за пластична хирургија бил вчудовиден од основците, кои пред презентациите за последиците раскажувале какви сè петарди постојат, кажувале како ги употребувале и слично.

„Кога почнуваме со најавата на презентацијата, обично тие се повеќе информирани од нас за тоа какви типови на пиротехнички средства постојат, какви типови петарди. Тие се фалат, на пример: ‘Јас кога правам вака, таму ги најдов, вака ги употребуваме’. Ние бевме вчудовидени и изненадени од нивните познавања. Откако им укажавме на последиците, дека можат да останат без раце, изгорени, да повредат очи, влијаевме на тоа да се намали употребата или да не ги користат сами. Досегашната статистика донесе до тоа бројот на повредени од употреба на пиротехника да биде едноцифрен“, додава доктор Гордана Георгиева.

Најмладиот повреден пациент имал девет години, а непознавањето при употреба на пиротехниката придонесува до траен инвалидитет.

„Последните неколку години кога имаме повреда на возрасни луѓе е кога сакале да им помогнат на помладите во момент кога ги гледале дека ракуваат со пиротехнички средства, па во момент кога им ги одземаат да настане експлозија поради ненавремено гаснење“, посочи Георгиева.

Доктор Георгиева посочи дека тимот на Клиниката за пластична хирургија изминатава година имал бројни операции. Таа посочи дека тие се трудат да излезат во пресрет на сите пациенти кои бараат помош од нив.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор