ВИДЕО: Се запали и изгоре куќа во Охрид

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Вечерва во Охрид, на улицата Бистрица во населбата Воска, се запали и изгоре куќа. Високите пламени јазици најпрво ја зафатија покривната површина на куќата, која според кажувањата на жителите била реновирана неодамна, а потоа се проширија и во останатиот дел на објектот.

Во гаснењето на пожарот учествуваа 4 противпожани возила од Охридската противпожарна служба, додека на двапати интервенираа и екипи на Брза помош.

Во моментот на пожарот во куќата се наоѓало целото семејство, а поради гушење од густиот чад неколкумина луѓе беа однесени во болница, додека на други на лице место им беше укажана лекарска интервенција.

Среќа во несреќа е што децата набрзина биле изнесени од куќата, додека низ пламените јазици успеале да се спасат и останатите. Се создаде вистинска паника, па во гаснење на пожарот се вклучија и локалните жители. Според кажувањата на жителите, пожарот избувнал откако експлодирале осигурачите во куќата.

„Осигурачите пукнаа во куќата. Додека спиевме внатре експлодира само нешто.Излеговме со трчање. Двајца од семејството се однесени во болница. Останатите сме добро„ рече една жена од семејствтвото

„Почнаа да викат помош помош, но кога отрчавме видовме дека куќата веќе гореше.Помогнавме што можеме, почнавме да гасеме со цревото додека пристигна пожарната.Набрзина се запали куќата.Двајцата браќа ги однесоа во болница. Цела куќа се запали“ рече еден сосед

Би можело да ве интересира

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид