(ВИДЕО) Длабока шахта, полна вода, стои отворена во парк каде си играат деца во Карпош

Од:

Длабока шахта која се наоѓа во парк зад неколку згради, место каде си играат многу деца и се шетаат домашни миленици е отворена и преставува безбедносен ризик. Шахтата е во населбата Карпош 4.

Како што се гледа на видеото низ шахтата тече вода и е прилично длабока.

„ Се гледа на фотографиите колку е длабока, а на видеото може да се види дека водата во неа ем е длабока ем брзо тече. Не сакам ни да помислам што би се случило некој миленик или не дај боже дете да пропадне во неа“ вели за А1он загрижен граѓанин.

Според информациите кои ги добивме се работи за колектор на отпадни води. Во оваа шахта се сливаат отпадни води од неколку локации од овој дел од населбата Карпош 4.

Од Општина Карпош не информираат дека веднаш откако ја добиле дојавата од граѓаните ги алармирале од Водовод кој се надлежни. Од таму ги информирале дека итно ќе реагираат и екипи веднаш се испратени на терен за да ја покријат шахтата соодветно.

Нема информација кој и зошто ја отворил шахтата, бидејќи капакот кој дотогаш бил на своето место, го нема во околината.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје