(ФОТО) Џафери: Тврдењата за неподготвеноста на војниците во мисијата ИСАФ е само медиумска констатација

Од:

Членовите на првата механизирана пешадиска бригада  на АРМ, кои во изминативе шест месеци беа дел од мировната мисија ИСАФ во Авганистан, денес беа одликувани со златни плакети и пофалници за успешно и професионално извршените задачи.

На свеченоста  што се одржа во штипската касарна „Јане Сандански“ присуствуваа министерот за одбрана, Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ, Горанчо Котески и Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс.

„Би сакал уште еднаш да го изразам своето задоволство во однос на степенот на подготвеност на војниците на АРМ во извршување на задачите во мисијата ИСАФ во Авганистан, со што уште еднаш покажаа дека АРМ ги има постигнато сите оние вредности што беа потенцирани и на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година по повод проширувањето“, изјави министерот за одбрана, Талат Џафери.

Во однос на прашањето како  во иднина ќе се „пеглаат“ забелешките што пристигнаа од страна на НАТО во однос на неподготвеноста на војниците, министерот Џафери одговори:

„Тоа е констатација на медиумите. Јас немам впечаток дека неподготвени војници се испратени во мисијата, а при првата посета на мисијата и самите ќе можете да се уверите дека тоа се невистини“.

Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, истакна дека САД и во иднина финансиски ќе ја помагаат македонската армија  и се надева дека Македонија во блиска иднина ќе стане полноправна членка на НАТО.

Македонија останува со ист број војници во состав на мисијата ИСАФ  во Авганистан сè до крајот на 2014 година.

[nggallery id=217]

М.Р.

Би можело да ве интересира

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

Уставниот суд поведе постапка за Правило на АРМ со кое се забранува вршење на верски обреди