(ВИДЕО) Директорот на охридската болница: Наредив да се прима секој пациент, ние немаме право да ги враќаме

Од:

Новиот директор на Општата болница во Охрид, Горан Балевски, вели дека веднаш по неговото назначување дал наредба да се примаат сите пациенти кои ќе побараат помош, откако претходно, неговата колешка Славица Малеска беше разрешена поради тоа што персоналот на Инфективниот оддел вратил 66-годишна стружанка која барала хоспитализација, по што, таа почина. Балевски во интервју за „А1он“ вели дека имаат хоспитализирано пет лица кои се сомнителни, но нема резултати за да се види дали се заразени со коронавирусот.

„Мислам дека добро се справуваме со пандемијата досега. Моменталното на Инфективното одделение имаме сомнителни пациенти кои не се докажани. Земени се брисеви. Петте непотврдени случаи се 80% од Струга, 20% од Охрид. Тие се во стабилна здравствена состојба и се следат од вработени на Инфективниот оддел. Случаите кои се докажани дека имаат коронавирус, а се со полесна клиничка слика ги испраќаме во болницата во Битола, а пак, оние со потешка клиничка слика во скопските клиники“, рече Балевски.

Директорот Балевски не сакаше да коментира за недостатоците кои ги констатираше ДСЗИ во болницата, за што беше разрешена неговата претходничка. Тој вели дека сега ги изменаџирал сите работи. Инфективното одделение во Охрид има 10 кревети, а бројот на медицински кадар е дуплиран, посочува Балевски.

„Наредив секој пациент да се прима, тоа е првата наредба која е дадена од мене. Ние немаме право да враќаме, без разлика од кој дел на државата доаѓа пациентот. Охрид и охридската болница примаат пациенти од целиот регион. Не верувам дека некој пациент не е задоволен од оваа болница. Имаме оддели на кои пациентите 70 проценти се од други градови“, посочува Балевски.

„За да примите пациент, треба и тие да соработуваат. Ние примаме постојано пациенти од други болници. Најголем пример е снимката која ја имаше во медиумите. Таа е снимена од пред седум-осум дена, каде, пациентот чекал. Докторката, треба да се облече, да го прими, да обработи, па за да го испрати во друга болница треба да го подготви и најави, без разлика дали во Битола или на скопските клиники. Реакции има бидејќи сепак, тоа се луѓе кои имаат страв. Нападите кои ги трпи болницата не ми се драги. “, вели Балевски за „А1он“.

Повеќе погледнете во интервјуто, каде директорот Балески објаснува за случај со пациенти од Струга кои биле препратени, но не сакале да одат во друга болница, како и за злоупотреби и закани од поединци кон персоналот на Инфективното одделение

Тој говори и за заканите од поединци, но и за фамилии кои сакале да посетуваат пациенти кои се заразени со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска