(ВИДЕО) Директорот ги тера на протест, ученичка му возвраќа: Не сме тука да држиш политички говори

Од:

Не престануваат злоупотребите на институциите и целата администрација на веќе нелигитимната власт за да ги натера вработените па дури и малолетниците да одат на протест против како што викаат „менувањето на знамето и химната“, работи за кои е јасно дека не може да се сменат без двотретинско мнозинство, а и сите партии веќе кажаа дека нема да се менуваат.

Директорот на прилепската гимназија Мирче Ацев, Кирил Николоски, со политички говор ги убедува учениците да излезат на протестот „За заедничка Македонија“,но во меѓувреме тие го снимаат и ставаат неговиот говор на социјалните мрежи.

Николоски со својот говор кон учениците ги убедува да се активираат во протестите зошто ќе се воведела двојазичност, менување на химна, менување на знамето и воведување албански монети.

Во еден момент една ученичка му возвраќа на директорот: Директоре уште поголема срамота е во образовна институција да ни држите политички говори! Тие велат дека не сакаат да одат на протестот туку да се одржи наставата.

Овој говор на директорот се случи непосредно пред да влезе голема група средношколци од средното индустриско училиште во Прилеп во дворот на гимназијата „Мирче Ацев“ со националистички скандирања и знамиња, скандирајќи против двојазичност, односно во моментот кога биле прекинати часовите со цел да се приклучат и учениците од гимназијата.

Пред две недели обид да се однесат учениците на протестот „За заедничка Македонија“ имаше и во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај