(ВИДЕО) Димтровски: Уапсен е новинар кој ја разоткри криминалната структура на ДБК и МВР

Од:

Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“ изјави дека станува збор за покажување сила на институциите од системот врз новинар.

На спонтаниот собир каде новинарите го искажаа својот револт заради апсењето на Томислав Кежаровски, Димитровски објасни дека заштитениот сведок за кој е уапсен Кежаровски, бил лажен сведок.

Кежаровски е уапсен заради напишан текст, со кој што наводно го разоткрил идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, рече Димитровски.

На третото судење кое се одржа во февруари годинава, заштитениот сведок го разоткрил својот идентитет и кажал дека бил лажен сведок, како и дека полицијата сосила го натерала да сведочи.

„Направивме пошироко интервју со заштитениот сведок кој не само што призна дека бил лажен сведок туку и ја разоткри целата мафијашка структура и од ДБК и МВР и од село Ореше кои сакале со сила да го натераат да го направи тоа“, изјави Димитровски.

„Во моментот кога Кежаровски пишувал за заштитениот сведок и кога наводно го открил неговиот идентитет, заштитениот сведок не бил формално правно заштитен сведок, туку бил лице кое што издржува затворска казна и полицијата го врбувала за лажно сведочење. Не постои ниту еден правен основ новинарот Кежаровски да биде уапсен“, објасни Димитровски, велејќи дека неговата единствена вина е што напишал текст со кој ја разотркил намерата на луѓето од полицијата кои сакале на овој начин да обвинат двајца за убиството во Ореше.

Тој побара обвинителството да одговори на прашањето дали овој сведок е автентичен и вистинит, а потоа да гони новинари и да определува притвор.

„Јавниот интерес во тој период бил дека полицијата тогаш правела притисоци за да ангажираат измислен или лажен сведок“, вели Димитровски, додавајќи дека станува збор за една комплетно наместена ситуација која Кежаровски ја препознал уште од самиот почеток во своите написи.

Кежаровски не разотркил никаков заштитен сведок туку разотркил една афера која е крупна, а случајот „Ореше“ е еден од најкрупните срамови во македонското судство кое треба допрва да се истржува и разотркива.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Јоанидис: Верувам дека ќе има ослободителни пресуди во „Ликвидација“

Емир Латифовиќ