(ВИДЕО) Димовски: Огромен скандал е што МВР фалсификувале записник за да го спасат Курто Дудуш од одговорност

Од:

„Скандалот со градоначалникот пулен на Заев добива огромни димензии. Тој не само што бесправно лишел од слобода граѓанин во својот кабинет и притоа го измачувал, тепал и навредувал, туку и пријавата за ваквото негово однесување мистериозно се претворила во обична поплака за која МВР не е должно да постапи. Ова веќе директно го вмешува и самиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, за кого пак скандалите секој ден се повеќе се редат.

Значи Заев го штити, Спасовски го пази, а Курто Дудуш си тепа граѓани“, рече Димитар Димовски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа премиерот Заев молчи, а Спасовски купува време. Практично зомби системот каде криминалот и корупцијата се во најдобра спрега го штитат градоначалникот пулен на Заев.

Според информациите кои излегоа во медиумите лицето кое било тепано и измачувано во градоначалничкиот кабинет пријавило во полициска станица Чаир на 01.05.2019 година, за еден ден потоа, веројатно под притисок, оваа пријава да се претвори во обична поплака.

За јавноста да знае поплаката е помала и поблага форма на акт со кој полицијата е само информирана.

Од снимката која ја емитуваа медиумите јасно се слуша дека Курто Дудуш, додека го тепа и измачува лицето во својот кабинет му кажува дека е близок со министерот Оливер Спасовски, дека комуницира со него лично и дека секој оној којшто му се спротивставува или го тепа или му прави да има проблеми со полицијата. Ете го одговорот како се заташкал целиот овој скандал и во кој очигледно имаат вмешано прсти високи полициски функционери ако не и самиот Оливер Спасовски.

Потребни се одговори директно од Оливер Спасовски, бидејќи ако ова е точно, а сепак се работи за официјални документи од МВР, тогаш полицијата и Спасовски стануваат соучесници во изживување, тепање и навредување на граѓани во функционерски кабинети.

Очекуваме веќе трет ден и премиерот Зоран Заев, а сега веќе и иден министер за финансии да го осуди овој чин на насилство од страна на неговиот сопартиец и градоначалник Курто Дудуш и да побара негова негова оставка. Очигледно е дека заради ваквото негово премолчување на скандалот тој самиот станува заштитник, но и поттикнувач на насилството кое го манифестираат неговите функционери. Друго објаснување за ова нема, бидејќи народот вели секој се опкружува со луѓе како него. Веројатно затоа наместо да побара оставка од Курто Дудуш за овој скандал, тој го разреши Тевдовски, кој и покрај сите штетни економски политики, сепак никогаш не затворал, измачувал и тепал луѓе во својот кабинет.

Овој скандал со насилството во кабинетот на градоначалникот во Шуто Оризари отиде предалеку за да може Заев да го сокрие или да го сопре. Сега освен што Курто Дудуш треба да си поднесе оставка и тоа неотповиклива, МВР ќе треба да даде одговори дали и под чиј притисок е променета пријавата на тепаниот граѓанин во обична поплака? Истовремено случајот наместо МВР треба да го превземат директно Народниот правобранител и Јавното обвинителство како две директно повикани институции кои треба да го процесуираат овој случај, но и да го откријат и соодветно санкционираат. Ова е тест за правната држава и владеењето на правото, принципи без кои што секако, не е можна евроинтеграцијата“, изјави Димитар Димовски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Царовска водеше грижа немаше да го укине додатокот за трето дете

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е на колена, а оваа Влада веќе нема кредибилитет бидејќи тоне во корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов и раководните структури во АХВ не го познаваат законот за ветеринарно здравје

ВМРО-ДПМНЕ: Од проектот МојДДВ најголема корист ќе имаат Заев и оние кои се побогати

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација

ВМРО-ДПМНЕ: Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува