(ВИДЕО) Димова: Власта го наштелува и европскиот извештај за да ги сокрие изгубените пари

Од:

Само според пратениците од мнозинството на Груевски, еден од најкритичните извештаи на ЕК досега, е позитивен. Чиј извештај разгледуваа пратениците од власта? Бидејки Комисијата констатираше: Македонија е во ќорсокак, рече Лидија Димова, претседателка на Комисија за европски прашања на СДСМ.

Во преводот на европскиот извештај за стручниот израз „de-committment“ што значи губење на распределени средства, власта го користи зборот „непосветеност“! Извештај на Европска комисија да се преведува несоодветно и со штелување е скандал без преседан, додаде таа.

Според неа, власта си ги излажа и пратениците од сопствените редови. Еве што друго не сакаа да прочитаат пратениците на владејачкото мнозинство:

Во извештајот, Европската комисија посочува дека Македонија, до крајот на 2013 година изгубила нови 21 милион евра, пари од европските фондови. Заедно со претходно неискористените 15,5 милиона евра1, за кои неодамна предупреди и СДСМ, сумата е значителна – 36,5 милиони евра се вратени во буџетот на ЕУ.
Овие 36,5 милиони евра им беа на располагање на македонските граѓани но поради неспособноста на власта тие се загубени.

Неискористеноста на европските пари е најлоша во делот на земјоделството. Износот што институциите на Груевски не успеале да го искористат е речиси 19 милиони евра2.

Но, тоа не е единствената сума на пари од која Владата ги лишила нашите земјоделци. Лани, 18 милиони евра и беа одземени од ИПАРД агенцијата (или од земјоделците) и дадени на Светска банка (или на општините).

СДСМ планира да се погрижи овие средства да дојдат во рацете на вистинските корисници – земјоделците, синдикатите, претпријатијата, училиштата и универзитетите, граѓанските организации, судството. Нема парите да се враќаат во Брисел, а граѓаните на Македонија секојдневно да се задолжуваат.

Дотогаш, предлагаме да се искористи знаењето на вработени во парламентарниот институт и да се организира обука за пратениците од мнозинството за методологијата на пишувањето и на читањето на европските извештаи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања