(ВИДЕО) Димова: Могерини може да наметне рестриктивни мерки, се е во игра

Од:

Доколку со затворањето на извештајот за напредок на Македонија, утре Европската комисија одлучи да не ја вметне препораката за почеток на преговори за членство, тоа ќе биде преседан во Европската унија кој би предизвикал сериозни последици, вели Лидија Димова, претседател на Комисијата за европски прашања на СДСМ. Од таму, додава таа, се е во игра, вклучувајќи и рестриктивни мерки за македонските владини функционери.

-Рестриктивните мерки се надлежност на Могерини. Во игра е се, се може да се случи. Ванхауте ни кажа дека наликуваме на Белорусија. Ако наликуваме на Белорусија се е во игра. Тоа може да предизвика одеднаш да излеземе од агендата за проширување, од групата на држави кои се во процес на проширување и да влеземе во групата на држави кои се проблематични и тогаш таквите рестриктивни мерки можат да се наметнат – вели Димова.

Од ЕУ, вели таа, јасно ни беше кажано дека доколку не се испочитува Договорот од Пржино, овој пат препораката ќе отсуствува од извештајот.

-Последиците не би сакале да ги видиме бидејќи ќе биде преседан. До сега тоа се нема случено. Имаше слично искуство кога пристапуваа државите од средна источна Европа. Имавме слична ситуација со Словочка, но таа веќе преговараше, па прекинаа преговорите. Кај нас ќе биде преседан и ние во СДСМ не би сакале да сме дел од тој преседан – додава Димова.

Оние земји кои не добиваат препораки, појаснува, не ги исполнуваат политичките критериуми на минимум задоволително ниво. Такви се државите кои имаат внатрешни проблеми на секој план. Отсуството на препораката значи намалување на кредитниот рејтинг на Македонија, но и можно губење на ИПА фондовите.

-Во Собрание периодов добивме куп предлози за планови за задолжување, тоа нема да биде возможно затоа што кредитниот рејтинг на државата може да се намали. Исто така средствата од ИПА фондовите ќе бидат ставени под знак прашалник затоа што ИПА е ставена во функција на реформа – вели таа.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода