(ВИДЕО) Димитровска: Невообичаено е директорите од центрите за социјална работа да вршат увид во домовите на корисниците на социјална заштита

Од:

„До ВМРО-ДПМНЕ изминатава недела се обратија граѓани од повеќе градови во Републиката, кои забележале дека директорите на центрите за социјална работа, во придружба на нововработени лица, оствариле посети во домовите на корисниците на права и услуги од доменот на социјалната заштита, што се во надлежност на центрите за социјална работа.

Она што е чудно и што ги збунува корисниците, а истовремено отвара простор за алармирање од страна на ВМРО -ДПМНЕ, е невообичаената практика на овој план, директорите од центрите за социјална работа да вршат непосреден увид во домовите на корисниците, заедно со вработени кои не се ниту надлежни, ниту пак работат на предмети на кои било дискутирано за време на средбите со корисниците. Ваквото однесување на директорите и вработените во центрите за социјална работа, отвара простор за силен сомнеж, пред сè кај корисниците на правата на услугите, зашто очевидно некој се обидел да ја потцени нивната интелигенција, манипулирајќи со прашањата кои се и повеќе од чувствителни за нив, и тоа во непосреден предизборен период“, изјави Бранкица Димитровска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бидејќи оваа појава е забележана масовно во периодот од 04.11.2019 година, речиси во сите општини, во кои директорите на центрите за социјална работа се кадри на СДСМ, се обраќаме најпрво до министерката Мила Царовска, доколку не е информирана, еве ја информираме, веднаш да ја стопира ваквата злоупотреба на највиталните институции за социјална заштита, кои очевидно управувани од еден центар СДСМ се ставиле во функција на партиски предизборни цели, што директно подлежи на кривично гонење. А, доколку ова е диригирано од неа, тогаш: ,,Министерке, доста веќе си поигрувате со маката и сиромаштијата на луѓето! Веќе станува непристојно!”

Истовремено да им се обратиме и на директорите на центрите за социјална работа, да знаат дека веднаш по поставувањето на техничкиот министер за труд и социјална политика од редовите на најголемата опозициска партија, нивната работа ќе биде директно испитана и секоја откриена злоупотреба на функцијата во партиски цели ќе биде санкционирана, согласно законските одредби.

Инаку, самите корисници кои сте ги посетиле, ви порачуваат дека доволно претргале, за да ви поверуваат дека ќе ги ,,збогатите” со 1000 денари, дадени со себична пресметливост, по принципот ,,од еден џеб во друг”.

Ним ништо не им значат, ниту ќе им го подобрат стандардот на живот, 1000 денари во делот на детскиот додаток, кога им скратувате на пример на субвенциите за електрична енергија, кои наместо секој месец, сега им ги исплаќате секој шести месец. Не им ја потценувајте бистрината на овие луѓе, нема да ви го дадат гласот, тие добро веќе препознале што е искрена социјална грижа, а што лицемерие!“, рече Бранкица Димитровска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски