(ВИДЕО) Димитров за „Дојче Веле“: Би сакале Македонија да ја извадиме од загатката на неизвесноста

Од:

Постојат прашања во регионот кои сè уште не се целосно решени и ние би сакале Македонија да ја извадиме од загатката на неизвесноста, а второ, би сакале да бидеме како повеќето од земјите-членки на ЕУ да имаме демократско општество во кое владее правото. Само така може да се дојде до поголем просперитет, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „Дојче Веле“.

Прашан за аспирациите за влез во ЕУ и НАТО Димитров, рече дека тоа е апсолутен приоритет, бидејќи географски и’ припаѓаме на Европа, секако дека би сакале да бидеме дел од ЕУ и НАТО и дека тоа е исклучително важна стратегија за нашата стабилност.

– За време на посетата на грчкиот министер Коѕијас, минатата среда во Скопје, ги дискутиравме мерките за градење доверба. Сè уште не ги започнавме преговорите. Тие ќе започнат дефинитивно пред крајот на годината. Јас го правам она што мислам дека треба да биде работа на дипломатите: решавање на проблеми, отворање врати и создавање пријатели. Можеби не можеме да ја смениме историјата, но сигурно можеме да се обидеме да влијаеме на иднината и да го направиме животот подобар за нашите граѓани денес. Тоа е нашата цел, изјави Димитров, во одговор на прашањето за договорот со Грција.

Прашан дали очекува од Атина барем да престане да го блокира членството во ЕУ и дали Македонија е подготвена на компромис за прашањето за името, Димитров, рече дека во суштина, спорот околу името не треба да биде пречка за нашата интеграција.

– Имаме Привремен договор со Грција, која се согласи да не ја спречува нашата интеграција. Имаме пресуда од Меѓународниот суд на правдата. Но, нашата цел не е да обвинуваме. Веруваме дека ако треба да сме сојузници, бидејќи влегувањето во НАТО и во ЕУ значи дека ќе бидеме сојузници со Грција, тогаш сите недоразбирања треба да ги решаваме преку дијалог. Крајно време за регионот е да стане доволно храбар за да излезе од рововите на историјата и да се натпреварува во она што е навистина важно за граѓаните: подобра здравствена заштита, подобро образование и поголем просперитет. Ова е нашиот агол на гледање на работите, изјави Димиртов.

Димитров, во однос на бегалската криза и илјадниците имигранти заробени на Балканската рута, рече дека некои од нив беа распределени од Грција во други земји-членки.

– Мислам дека дефинитивно над 14.000 илјади луѓе. Некои од нив најдоа засолниште во Грција и мислам дека УНХЦР финансирана од Европската унија навистина (на)прави многу за да им помогне на овие луѓе во Грција. Правиме се’ што можеме. Имаме активна полициска соработка со нашите соседи, вклучувајќи ја и Грција, како и со ЕУ. Она што е важно да се разбере е дека тие фотографии, тие видео инсерти, ја покажуваат исклучително тешката 2015 година. Само во февруари 2016 година имавме околу 60.000 луѓе кои доаѓаат во Грција преку Турција. Еден месец подоцна беше постигнат договорот помеѓу Турција и ЕУ. После тоа имавме помалку од 40.000 бегалци вкупно за целата година. Секако дека секој можеше да направи повеќе за нивнита ситуација, како мојата земја, така и Грција, а со тоа и Европа, а секако и целиот свет. Треба да ги научиме лекциите од сето тоа и треба да се фокусираме кон помагање на оние бегалци кои се во Турција. Договорот помеѓу Турција и ЕУ го сметам за многу важен. Исто така, многу е важно што можеме да направиме во однос на заштита на нашите граници. Но, мора да се има во предвид дека надворешната граница на ЕУ не е помеѓу Македонија и Грција, туку помеѓу Грција и Турција, вели Димитров, во интервјото за „Дојче Веле“.

Димитров, во однос на Балканскаат рута, рече дека би требало да направиме се’ што е потребно за таа да остане затворенa, бидејќи сите ние, вклучувајќи ги и бегалците, имаме интерес за организирана помош и мораме да се бориме против илегалната миграција.

– Она што е навистина важно е ЕУ да продолжи да ја поддржува Турција во финансиска смисла, бидејќи имаат милиони бегалци во нивната земја. Подеднакво важно е да продолжиме да и’ помагаме на Грција и тоа на солидарен начин – единствениот начин на кој треба да се решава ова прашање, изјави Димитров.

Прашан, дали Македонија ако стане дел од Европската унија ќе се согласи да ги прифати бегалците, Димитров рече дека пред сé, во интерес на македонските граѓани е Македонија да влезе во ЕУ, а кога еднаш ќе бидеме дел од ЕУ, тогаш дефинитивно ќе бидеме подготвени да го делиме товарот со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“