(ВИДЕО) Димитриевски: Војници спијат во шатори полни со вода, тоа го крие медиумскиот мрак

Од:

„Еве вака изгледа лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ којшто го кријат медиумите под нивна контрола.

Во време кога цела Европа се обединува во борба против глобалниот тероризам нашите припадници на АРМ, во нечовечки услови секојдневно ги извршуваат нивните службени задачи во заштита на јужната државна граница“, рече Максим Димитриевски, претседател на комисијата за одбрана на СДСМ.

„Војниците на АРМ спијат во руинирани гаражи, во шатори полни со вода, без греење.

Над 57 војници се сместени во простор од 90 метри квадратни. Над 400 војници се принудени да одржуваат хигиена на една чешма. За недостаток на топли тушеви и уредни санитарни јазли да не говориме.

Дали ова, министре Јолевски е вашиот отчет за проектот АРМ мојот вистински дом.

Зошто лажно се фалевте пред македонската јавност дека наводно ги решавате проблемите на припадници на АРМ кога еве каква е реалноста со којашто се соочуваат.

Овој срам, ова рушење на достоинството на припадниците на АРМ го кријат медиумите под контрола на Никола Груевски, платени со пари на граѓаните.

Но и покрај медиумскиот мрак вистината излегува на виделина.

Груевски потроши 630 милиони евра на споменици, метална и камена фаланга, а реално ја разнебитува одбраната, професионалците ги депримира а армијата ја партизираше.

Со погрешни, криминални политики Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одбраната ја доведоа на дното на општеството.

СДСМ со превземање на одговорноста да ја води државата ќе ги промени работите во одбраната, армијата ќе ја деполитизира во целост и ќе обезбеди соодветни услови за нормално вршење на службените задачи на војниците“, изјави Максим Димитриевски, претседател на комисијата за одбрана на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски