(ВИДЕО) Димитриевски: Криминалната власт ништо им нема исплатено на војниците

Од:

Со новиот ребаланс на Буџетот, власта на ВМРО-ДПМНЕ повторно крати пари предвидени за одбраната.

Од 2006-та до денеска власта на Груевски во континуитет ги крати средствата за одбраната со што го намалува одбранбениот капацитет на земјава.

Условите за работа на припадниците на АРМ ги доведе на дното, под секое човечко достоинство.

Каде се помпезно најавените инвестиции во модернизација на одбраната од 300 милиони евра? Ги нема. Затоа Јолевски и Димитриев молчат.

Ги нема ниту ветените 5% покачување на платите за војниците, рече на прес конференцијата, Максим Димитриевски, член на Извршен одбор и претседател на Комисија за одбрана на СДСМ.

Професионалниот војник во Македонија денеска има основна плата од само 16.345 денари, далеку под државниот просек од 22.000 денари.

Криминалната власт се уште ги нема исплатено ниту дневниците на професионалците во АРМ за месец април.

Војниците заборавија кога последен пат зеле пари за патни и дневни трошоци.

Веќе единаесета година се чекаат ветените станови за припадниците на АРМ. Преродбеничкиот проект АРМ мојот вистински дом пропадна, војниците останаа без станови.

Во континуитет се случуваат масовни кадровски чистки во одбраната и армијата најчесто политички мотивирани.

Припадниците на АРМ со надчовечки напори се обидуваат непречено да ги извршуваат сопствените задачи.

Со една реченица, власта на Груевски ја колабираше одбраната на РМ и го сруши достоинството на професионалните војници и старешини.

По демократските промени и победата на СДСМ, новата одговорна власт ќе спроведе суштински реформи во одбраната.

Македонија ќе го врати достоинството на професионалнците ќе биде подготвена да се соочи со безбедносните регионални и глобални ризици.

Никогаш повеќе нема да се случи парите да се трошат на камена и бронзена фаланга а живите војници едвај да преживуваат.

Армијата целосно ќе се деполитизира. Системот за напредување во кариера повторно ќе профункционира во интерес на професионалците, војници, Армијата и граѓаните на РМ, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност