(ВИДЕО) Димитриевски: Ќе донесеме закон за запленување на криминално стекнат имот

Од:

„Денеска сме во посета на Крива Паланка и Ранковце да поразговараме со граѓаните за новите мерки од Програмата на СДСМ коишто нудат сигурна и стабилна иднина на Република Македонија, а воедно и изворно од нив да ги слушнеме проблемите што ги имаат.

На Македонија и се потребни слободни и професионални државни институции кои ќе работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партијата на власт. Само депатризирани институции можат да водат бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата што во Македонија има сериозни размери“, рече Максим Димитриевски, претседател на комисијата за одбрана на СДСМ, во Крива Паланка.

„Оваа власт целосно ги партизираше институциите за да можат да ги спроведуваат милионските тендери од коишто, веќе е јасно за сите, корист имала фамилијата на власт и нивни фирми регистрирани по рајските земји.

Според процениките, над 5 милијарди евра народни пари братучедско-кумската власт има испумпано надвор од Македонија.

Во меѓувреме во државата се случува незапаметена сиромаштија. Над 500.000 нуѓе живеат на работ на сиромаштија.

Припадниците на АРМ, кои се грижат за стабилноста и безбедноста на државата, работат во услови под секакво човеково и професионално достоинство.

СДСМ целосно ќе ги департизира државните институции, вклучувајки ја и Армијата. Ќе обезбедиме соодветни услови за нормално вршење на службените задачи на војниците.

Што се однесува злоупотребените пари на граѓаните во Програмата имаме предвидено многу сериозна мерка. По примерот на земјите од Европската Унија ќе донесеме закон за запленување на криминално стекнатиот имот, вклучувајки преку корупција, организиран криминал, веднаш по правата правосилна пресуда“, изјави Димитриевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници