(ВИДЕО) Димески: СДСМ води ниска кампања со лични навреди и клевети

Од:

„Во изминатиот период сведоци сме на многу ниско ниво на кампања која што ја води социјалдемократскиот сојуз, кампања полна со лични навреди и клевети, манипулации и шпекулации, а никако да понудат конкретни проекти и идеи како да го подобрат животот на граѓаните. Жално е што оваа дволична политика ја водат кон вас, прилепчани, кои ве посетуваат, убедуваат и од кого ќе го бараат гласот на локалните избори во Март“, рече Никола Димески претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

Останаа уште 60 дена , рече, до локалните избори, а прилепските социјалдемократи се во длабока двојба како да се излезе од овој ќорсокак. Поделбата во нивните редови е очигледна и во Прилеп. Ситуацијата кулминираше кога Локвенец не се појави на протестот кога неговиот лидер Црвенкоски дојде во Прилеп. Неколку дена потоа општинската организација на СДСМ од Прилеп, потврди дека ќе оди на избори преку соопштение до јавноста, спротивно на секојдневните најави на нивниот лидер Бранко Црвенкоски дека ќе ги бојкотираат изборите.

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ваков вид на кампања и манипулации со граѓаните. Ќе останеме доследни до својата програма и идеи, а во интерес на граѓаните на општина Прилеп. Ние единствено поддржуваме кампања на која ќе се соочат идеи за развој на нашата општина. На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе претстави програма со реална понуда, со реални проекти и конкретни рокови, понуда на индустриски зони и нови работни места, понуда за инвестиции во образованието и инфраструктурата, понуда за развој на културниот, општествениот, забавниот и спортскиот живот во градот.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања