(ВИДЕО) Детали за убиството во гостиварско: признанието на сопругата на осомничениот ја откри локацијата на телото

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М. (53) од селото Неготино, општина Врапчиште, поради сомнение дека сторил убиство на 53-годишната Х.А. од селото Равен, гостиварско. Делото се гони по член 123 од Кривичниот законик.

Пријавата следела откако на 9 декември 2025 година, Ј.М. (34) од гостиварско пријавил дека неговата мајка Х.А. се оддалечила од домот и станала недостапна на телефон. На безбедносните камери тој забележал дека на 7 декември таа влегла во патничко возило „фиат“, по што ѝ се изгубила трага. Истовремено, пријавил дека ноќта меѓу 6 и 7 декември С.М. влегол во неговиот дом, пребарувал низ простории и одзел пари.

С.М. беше приведен на 11 декември во 02:15 часот поради сомнение дека ја присилил Х.А. да замине со него. По преглед на видео-снимки, полицијата утврдила дека тој дал лажен исказ во станицата, а листингот на телефонски повици покажал дека Х.А. последен пат имала контакт токму со него на 7 декември.

Со судска наредба бил извршен претрес во домот на осомничениот, по што била приведена и неговата сопруга Ѓ.В. (48). Во службен разговор, таа признала дека С.М. со огнено оружје ја лишил од живот Х.А. и го посочила местото каде телото било закопано.

Полицијата, во присуство на јавен обвинител, извршила увид на локација во атарот на селото Неготино, каде било пронајдено телото на жената. По наредба на обвинител, телото е испратено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он

Убиство во Мостар, се утврдува идентитетот на починатиот

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Одложено судењето на Вангелица Илијевска, ќе се прави супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата Илијевска.

Катерина Ѓуровски