(ВИДЕО) Деспотовски: Да се обидеме уште повеќе за уште подобро, продолжувам да придонесувам за СДСМ

Од:

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски, по завршување на внатрепартиските избори, му го честиташе изборот на Димитар Ковачевски за нов лидер и повика на обединување за уште подобри резултати за граѓаните. Тој направи разлика помеѓу демократските избори во СДСМ споредбено со оние во опозицијата.

– Димитар Ковачевски, заедно со сите нас тука, ќе ја има обврската да се обидеме уште повеќе и уште подобро и да не бидеме авангарда само во Република Северна Македонија, туку и во регионот и пошироко, бидејќи оваа држава тоа го заслужува и СДСМ тоа го заслужува, рече Деспотовски, додавајќи дека македонската јавност денеска имаше можност да види два модели на внатрепартиска демократија, една политичка партија каде 500 луѓе гласаат за претседател и модел каде 50.000 луѓе во отворен и транспарентен процес во кампања која доликува на најголемата политичка партија во нашата држава.

Деспотовски изрази благодарност до сите членови на СДСМ кои излегоа на гласање и најави дека продолжува како обичен член на партијата да го дава целиот придонес од срце за она што претставува иднина на СДСМ и на нашата држава.

– Сакам да упатам една лична порака за сите граѓани, симпатизери, кои ми пристапија директно и ја изразија нивната поддршка за сето она што го правиме, се создаде една огромна енергија, која имаме обврска да ја зачуваме, да ја негуваме и да ја развиваме понатаму и за доброто на СДСМ и за доброто на оваа држава, порача кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он