ВИДЕО: Дескоска задоволна од работата на Советот за реформи во судството

Од:

Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи на правосудниот систем зад себе остави успешна година, бидејќи не само што ја следеше имплементацијата на Статегијата за реформи во правосудството од формален аспект, за тоа колку напредуваме и што сме завршиле, даваше и еден вид квалитативна оценка на чекорите што се преземаат.

Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска, одговарајќи на новинарско прашање пред промоцијата на Првиот национален извештај за перформансите и реформите во правосудството.

-Можам со задоволство да кажам дека Советот за реформи во судството длабински ги дебатираше законите што се во постапка. Ги слушнавме сите насоки што доаѓаат, сите изворни проблеми со кои се соочувааат судиите и обвинителите во пракса, рече Дескоска и додаде дека извештајот за работата е пратен и во Европската Унија, со цел да се согледа напредокот во реформите во судството.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност