Во рамки на проектот Програма за образование на Роми се снимија три видео стории во кој се презентираат резултатите од проектот преку изјави и сведоштва на директните учесници во проектот.
Првата епизода се фокусира на влијанието на активностите од проектот во училиштата, врз наставниците и нивната работа.
Како соговорници во оваа епизода се вклучени наставници кои зборуваат за имплементација на ИКО часови и активности за детски права, своето учество во различни видови обуки, за имплементација на мали грантови за интеркултурни активности; директори на проектните училишта кои објаснуваат зошто училиштето се вклучило во програмата и нејзините активности, дали кај децата им подобрен успех и поголема вклученост во активностите (за детски права за интеркултурни иницијативи и сл.), но и какви промени внесуваат во годишните програми за работа на училиштето како резултат на новините научени со имплементација на проектот; претставник од локалниот просветен инспекторат кој објаснува дали се увидува разлика меѓу училиштата вклучени во проектот и оние кои не се врз основа на увидите што се прават при инспекциски надзор, како и дали има разлика во училиштата на почеток на проектот и сега после десетгодишната имплементација како и програмскиот координатор на програмата кој зборува за причините коишто ја поттикнале имплементацијата на бројните активности.