(ВИДЕО) Дерала: Без реформа на изборниот систем, нема фер и демократски избори

Од:

Се наѕираат нови предвремени парламентарни избори, но без сериозна реформа на изборниот систем, нема фер и демократски избори, порача граѓанскиот активист Џабир Дерала на денешната конференција за слободни избори, организирана од невладината Цивил.

Според Дерала, преговорите за изборните реформи меѓу партиите се водат бавно и нетранспарентно. Од Цивил предупредуваат дека неопходно е да се професионализира ДИК, да се прочисти Избирачкиот список, како и да се промени изборниот модел во една изборна единица.

– Еден од најголемите проблеми го лоцираме во институциите пред се во ДИК. Гледаме дека се заговара модел кој веќе беше надминат. ДИК нема да се реформира онака како што одговара на демократските стандарди потребни за спроведување слободни избори. ДИК се уште ќе биде предмет или поприште на политички интереси, а далеку од тоа дека ќе се занимава заштита на правото на глас и со законитоста на Изборниот процес, рече Дерала.

Дерала додаде и дека Изборниот законик се уште страда од сериозни недостатоци, поткупот на гласови не е санкциониран, а проблематично е и финансирањето на политичките партии и нивните изборни кампањи, како и непрочистениот избирачки список, порача Дерала.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија