(ВИДЕО) Ден по насилството: Крв околу Собранието, полицијата штити денеска наместо вчера

Од:

Ден по насилството во Собранието каде беа брутално нападнати пратениците од парламентарното мнозинство, влезот за новинари во законодавниот дом е забранет. Од таму појаснуваат дека додека не се изврши увид, тие не можат да си ја земат својата опрема, ниту пак личните работи кои им останале внатре.

Околу Собранието има засилено полициско присуство за разлика од вчера, кога полицијата речиси и ја немаше, а крвта околу него останува да сведочи за вчерашните насилства врз пратеници и новинари. Како што веќе објави А1он, во Парламентот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои рекоа дека отишле „да пијат кафе“.

Пред влезот на законодавниот дом стојат и шаторите кои ги поставија демонстрантите, но иако најавија дека нема да си заминат од таму, денеска во шаторите немаше никој.

Осуди за насилството и честитки за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието пристигнаа од многу земји, а денеска во центарот на градот пристигнуваат и голем број странски медиуми кои се заинтересирале за случувањата во Македонија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција истакна дека вчерашниот напад бил обид за убиство по план и добра умисла, почнувајќи од влезот, однесувањето, посочувањето, координарањето со одредени структури во Собранието.

Демократската унија за интеграција денеска одржува централно претседателство во Мала Речица за вчерашните напади во Собранието, а претседателот Ѓорге Иванов вчера свика лидерска средба за која само лидерот на СДСМ јавно кажа дека нема да оди.

Заев на прес конференцијата денеска кажа дека не ни размислува да оди на средбата и праша дали средбата ќе ја прават на клиничкиот центар.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он