(ВИДЕО) Демонстрантите порачаа: Убиството на Мартин нема да биде заборавено

Од:

Илјадниците демонстранти освен против аболицијата на Иванов, денеска протестираа и за петгодишнината од смртта на Мартин Нешковски.

Тие плоштадот го обоија во црвено, со пораки дека не е заборавено убиството на Мартин и дека нема да биде простено.

„Правда“, „Убијци“, „Утре може да е и ваше дете“, порачаа демонстрантите од плоштадот.

Пред Собранието, се пуштаа „бомбите“ на СДСМ, каде се слушаат гласови кои според опозицијата се на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и екс портпаролот на МВР и актуелен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски кои се договараат како да го сокријат монструозното убиство.

Демонстрантите од таму истакнаа дека ако треба ќе протестираат уште десет години, но правда за младиот Нешковски ќе има.

На крајот на протестот, пред Владата со црвена боја исфарбаа фотографии од Никола Груевски и Гордана Јанкуловска и испишаа пораки „Убијци“ и „Пробавте да скриете“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Илјадници луѓе на улиците на Лос Анџелес; Протестот против ICE ескалираше во судири

CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис

Илјадници жители на Гренланд маршираа против Доналд Трамп: Направи ја Америка да си оди

Предраг Петровиќ

Хуманитарен работник e убиен во Иран, петмина се ранети

(ВИДЕО) Иранки палат цигари јавно од запалени фотографии од ајатолахот Али Хамнеи

Горан Наумовски