(ВИДЕО) Демонстрантите кај средношколците: Заедно сме посилни!

Од:

Откако не можеа да се доближат до владиниот објект, затоа што повторно беше блокиран од збиени полициски кордони, демонстрантите на денешниот протест за полициска бруталност се упатија кон Министерството за внатрешни работи за едногласно да побараат оставка од министерката, Гордана Јанкуловска.

Толпа од стотици граѓани се движеа по булеварот „Св. Климент Охридски“ извикувајќи „Нема правда, нема мир!“ и Доста беше мол!“ Кога поминуваа покрај кафулињата покрај булеварот, на граѓаните кои седеа им извикуваа „Дојдете се нас! Дојдете со нас!“.

Пред МОН во паркот на Новинарите, демонстрантите им дадоа поддршка на средношколците застанувајќи неколку минути на булеварот.

„Заедно сме посилни!“ извикуваа додека средношколците го напуштаа паркот и им се придружуваа во правецот кон МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите