(ВИДЕО) Демонстрантите дојдоа пред Собрание, скандираат „Оставка, оставка!“

Од:

Илјадници демонстранти дојдоа се пред Собранието, откако попладнево беа повторно спречени да протестираат пред Влада, тие отидоа пред Министерството за внатершни работи, а потоа и пред зградата во која живее Груевски, каде им побараа оставки.

Насекаде беа пречекани од кордони полиција и специјалци. И пред Собранието е поставено силно полициско обезбедување.

На протестот пред Собранието се скандира „Оставка, оставка“, а кон полицијата се упатуваат прашања „Имате ли вие деца“ и „Кого браните?“ Активстите на полицијата им го покажуваат Уставот во кој се гарантира слобода на движење и слобода на протестирање.

Протестот е мирен, а го следат голем број домашни новинарски екипи, како и медиуми од странство.

Новинарот Огнен Јаневски им порача на граѓаните да се информираат за следните протести преку фејсбук групата Стоп за полициска бруталност и да даваат предлози за следните активности. Тој уште еднаш побара оставки од Груевски, Јанкуловска и Мијалков.

– Оставки од оние кои ја урнаа македонската демократија. Нема да замолчиме и да си одиме, ако замолчиме и ние ќе станеме соучесници. Да не го дозволиме тоа, рече тој.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија