ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Од:

Жители од Кисела Вода се жалат дека повозрасен маж постојано и без причина навечер демне околу две три станбени згради во населбата. Според станарите, тој со денови се движи низ заедничките простории без јасна причина, седи на скалите и најчесто се задржува и демне пред еден стан. Дел од нив за А1он велат дека неговото присуство не е ниту најавено, ниту оправдано, а ситуацијата дополнително ја алармира заедницата кога на надзорните камери при одредена проверка повторно го препознале истото лице под еден од прозорците во вечерните часови.

Сопственикот на станот пред кој овој демнач најмногу се задржува најави дека ќе поднесе пријава со видео-докази и дополнителни материјали како доказ дека се работи за „ненормално однесување“. Вели дека се плаши дека може да нападне, бидејќи не знае зошто овој маж чиј идентитет го знае и вели дека бил вработен во една државна институција, навечер се вртка и седи постојано околу зградата.

Меѓу станарите кружат сомнежи дека лицето можеби е поврзано со инцидент од 2022 година, кога во истиот стан пред кој сега најмногу се задржува, била пријавена кражба вредна околу 8.300 евра.

Станарот со кој разговаравме уверува дека ќе бара брза реакција, а институциите ќе треба да утврдат дали снимките навистина укажуваат на дозволено дејство или се работи за неоправдано присуство кое може да прерасне во сериозен безбедносен ризик.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Трајков: Идентитетот е вредност што мора да се чува

Горан Наумовски

СДСМ: Додека Европа ја преиспитува Конвенцијата за мигрантите, Македонија ризикува изолација

Горан Наумовски

Македонија и Србија со рок: Гасниот интерконектор ќе е готов до 2027 година

Горан Наумовски

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје