Делегација на Венецијанската комисија која е во дводневна посета на земјава, денеска одржува средби со пратениците во македнското Собрание. Утринава претставници на делегацијата се сретнаа со пратениците од владејачкото мнозинство – Фросина Ташевска Ременски од СДСМ, Соња Мираковска од НСДП, Мерел Ферати од ДПА и други.
По средбата со претставниците на парламентарното мнозинство, се одржа средба и со пратеници од опозициските партии.
По завршувањето на средбите, претставник на делегацијата на Венецијанската комисија ќе даде изјава во која ќе ги презентира деталите од разговорите со пратениците во земјава.
Четиричлената делегација на Венецијанската комисија, која е во работна посета за евалуација на измените на законите од областа на судството вчера имаше состанок на министерката за правда Рената Дескоска. Реформските процеси што ги спроведува Министерството за правда за интеграција на земјаваа во Европската Унија, беа тема на средбата.
Делегацијата на Венецијанската комисија ќе оствари средби и со претставници на Уставниот Суд, Врховниот Суд, Здружението на судиите на Република Македонија, Судскиот Совет, Јавното обвинителство, како и со граѓанските организации.
Членови на Делегацијата на Венецијанската комисија која е во посета на Република Македонија се Ричард Берет, кој доаѓа од Ирска, Цирил Рибичич, член од Словенија,Филип Димитров кој доаѓа како член на комисијата од Бугарија и од Франција Григори Диков, кој е правен експерт од Оддел за човекови права и владеење на правото – Совет на Европа.
Галена Николовска-Ризвановиќ
