(ВИДЕО) Дединец од МАНУ: За две години државата стана лидер во енергетиката

Од:

Владата во мај 2018-та го донесе европскиот Закон за енергетика, пред еден месец, први во регионот донесовме Стратегија за енергетика, а денеска во парламентот беше изгласан Законот за енергетска ефикасност.

Овие документи преставуваат клучни во остварувањето на целите на државата во полето на енергетиката.

Законските решенија и Стратегијата носат намалени сметки за струја на граѓаните, ја поттикнуваат економијата и ја заштитуваат животната средина-истакна Александар Дединец од МАНУ, на трибината на СДСМ во Битола, “Агенда 20-24”.

„Ќе се фокусирам на два сегмента од Законот за енергетика, кои драстично ја променија состојбата во енергетиката, со што станавме лидери во областа во регионот, а тоа се обновливите извори на енергија и правата на ранливите потрошувачи на струја.

Направивме модел со кој инвеститорите во новите извори на енергија, самите ќе изградат капацитет за производство на струја, самите ќе продаваат струја, а субвенции ќе имаат од државата, а не од граѓаните преку сметките.

Секако дека и парите во буџетот се на граѓаните, но преку сметка сите плаќаат идентично, а во буџетот секој различно придонесува, па оттаму правиме и социјална правда“- објасни Дединец.

Во однос на ранливите потрошувачи се предвидуваат субвенции за нови прозори, за нови инвертер клима уреди, како и забрана да се исклучат од системот за струја во текот на зимските месеци за неплатени сметки.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“