(ВИДЕО) Дебата: Во Македонија воскресна фашизмот

Од:

Во Македонија сме сведоци на се’ повеќе фашистички идеи, навивачите извикуваат пароли и имаат фашистички симболи, притоа никој не ги казнува за тоа, како херои се слават воени злосторници кои соработувале со фашистите во Втората светска војна, владее екстремен национализам, неистомислениците се карактеризираат како предавници и се повикува на нивно елиминирање, културата е сфатена само како пропаганда, човековите праца се презираат – ова се дел од карактеристиките на македонското општество во моментов, а земаат се’ поголеми и позагрижувачки размери, констатираа интелектуалци и активисти на денешната тркалезна маса во клубот ГЕМ на тема: „Дали фашизмот е победен во Македонија?“. во организација на „Фронт за слобода на изразување“.

Денес во Македонија ако сте комунист ќе ве прогласат за „комуњара“, ако сте десничар нема да кажат дека сте фашист, тогаш сте патриот, бранител на татковината итн. Тоа убаво може да ја нацрта воспоставената клима во која антифашистите се во дефанзива.

Мислам дека тоа денес треба да си го кажеме. Антифашистите се помалубројни, малцинство се и без оглед на тоа колку сакаат да бидат слушнати, не можат да бидат слушнати, бидејќи се под цензура.

Страшно е тоа што Македонија која била дел од земјите на антифашистичката алијанса во Втората светска војна, која дала жртви за победата над фашизмот, денес е земја која произведува фашизам, рече Владимир Милчин.

Дебатата ја организираше „Фронт за слобода на изразување“.

Знаеме сите дека во поголем дел од европските земји имаме одреден вид на воскреснување на фашистичката, не само идеологија, туку и движење, па и партии.

И сметавме дека е тоа интересен контекст да го поставиме прашањето дали фашизмот е победен во Македонија со оглед дека ние имаме своја историја на антифашизмот и антишистичката борба, меѓутоа, на некој начин немаме некоја историја на фашизмот во Македонија, тој дел како да сме го пропуштиле, па како да сме подзаборавиле кој се фашисти во Македонија.

Но, туку има ликкови кои што не’ потсетуваат, па во во Музејот на ВМРО, кој е поставен наспроти Музејот на Холокаустот, ја има восочната фигура на Ванчо Михајлов кој што е еден од главните соработници на фашистите, на нацистите и на Хитлер и еден од организаторите на воени единици во Егејска Македонија што заедно со СС трупите се бореа против тамошните антифашисти, рече Жарко Трајановски.

Според Никола Гелевски она што ги одбележуваисториските почетоци на фашизмот во Европа е кризата на парламентарниот систем во 20-тите години на 20. век.

– Многумина тука го гледаат генераторот на фашистичката идеологија. Од една страна голема криза на парламентарниот систем и на таа почва тлее, а од другата страна на таа криза е и од друга страна кризата на капитализмот и врење на луѓето кон она што и денес нам ни се нуди денес: лесни препознавања, идентитет, група, задоволување на интереси, а сето ова го нагласувам затоа што и денес се соочуваме со речиси истите проблеми во светот и особено во Европа, рече Гелевски.

Што се однесува на сегашната ситуација во Македонија сведоци сме дека и во Македонија се’ повеќе се нудат фашистички идеи, беше речено на дебатата.

Во Македонија сме денес сведоци на навивачки групи кои викаат “чиста Македонија“ или чисти албански етнички територии, по зградите осамнуваат кукасти крстови и симболи, фашистички пароли, имаме отворени повици за елиминација на неистомислениците, етикетирања, поделба на предавници и патриоти, странски и домашни непријатели, се слават воени злосторници, сето ова укажува дека овие фашистички идеи се раѓаат, аа во последните години политичките елити создадоа плодна почва за тие идеи, вели Џељо Хоџиќ.

Зголемувањето на администрацијата, големата продукција на закони, затварењето на медиумите, користењето на државните ресурси од страна на партијата на власт, според Уранија Пировска, се аргументи дека живееме во режим

Жално е што не можеме да го славиме Денот на победа над фашизмот, бидејќи ние денеска се соочуваме со режим.Тргнувајќи од улогата која што ја имам, сакам да зборувам за режим кој не дозволува простор за практикување на простор за практикување на слободите и правата на граѓаните. Секој режим или диктатура има карактеристики кои не можат да не се рефлектираат во институциите на системот. Станува збор за изветоперување на институциите и веќе не зборуваме за нивно нефункционирање, туку зборуваме за институции кои што имаат една единствена улога – да ја спроведуваат моќта на партијата на власт, рече Пировска.

Според неа клучниот момент во кој е воведен безмилосен удар на човековите права е 24 декември 2012 година, кога се урна принципот на поделба на власта.
– Сведоци сме на деградирање на сите институции и нивно впрегнување во погонот на партијата само за да се воспостави целата контрола и да се казнат тие што размислуваат спротивно. Изборните процеси ни ја покажаа таа инструментализација на системот. Она што е посериозно и пострашно и во кое се гледа манирот на оваа власт да владее со страв и насилство, е она структурно насилство пред изборите, рече Провска

Џабир Дерала аргументираше дека проектот Скопје 2014 е фашистички проект

Ако ја разложите химната на навивачите на симболи и на компоненти, ќе видите дека и таа е фашистичка. Истата беше земена како дел од Јутјуб грдотијата што ја продуцираа пред изборите „Излези момче треба да се гласа“.

Таму има фашистичка иконографија, ритам и имиџ кој отворено арогантно и апла се претстаува пред гледачот без никакво криење. Немаме веќе маскирани состојби, имаме многу едноставни состојби. На час по физичко на децата им даваат антички копја и штитови и ги јакнат не само физички туку и духовно. Институциите се штабови.

„Скопје 2014“ за мене е фашистички проект, рече Дерала. Ирена Цветковиќ зборуваше за тоа дека сведочела на уцени за време на парламентарните избори во Шутка. Според неа неистомислениците на власта треба веќе да престанат да бидат „демократски декор“ на власта“, рече Дерала.

Ирена Цветковиќ зборуваше за тоа дека сведочела на уцени за време на парламентарните избори во Шутка. Според неа неистомислениците на власта треба веќе да престанат да бидат „демократски декор“ на власта“.

– Како набљудувач на изборите гледав луѓе како зборуваат се најлошо за ВМРО, а самите тврдеа дека гласале за нив. Велеа, имам внука ја вработија, го имам овој, оној. Во Шуто Оризари луѓето од партијата на Амди Бајрам зборуваа: „Гледај, како стока не мкнат на гласање зашто така одлучил еден човек“. Имаше жени со тромбови на нозете и со по неколку деца во рацете носени на гласање. Но, тие луѓе велат дека има разлика. Разликата била во тоа што порано не оделе тие, туку доаѓале два-тројца и ги полнеле кутиите. Јас одбивам да бидам демократски декор во режим, рече Цветковиќ.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Партиите продолжуваат со кампањата, уште една недела до изборите

А1он

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција