(ВИДЕО) Дебата: Пописот ќе покажеше дека има помал процент Албанци и драстично помалку Македонци

Од:

Пописот ќе покажеше дека се намалува процентот на Албанци, а бројот на Македонци драстично е намален, треба да се преговара за името Горна Македонија, опозицијата се провинцијализира, а ДУИ нема капацитет да го реши името, ова се главните тези од денешната трибина „Македонија денес“ во организација на иницијативата „8 септември“.

Според професорите Љубомир Фрчкоски и Стево Пендаровски и македонскиот и албанскиот дел од Владата имаат интерес да не се одржи пописот.

– Едните се плашат дека Македонците се толку колку што се, а истовремено може да се покаже дека Албанците и покрај тоа што нивната емиграција е два и пол пати поголема од нашата, тие актуелно не се толку колку што се. Бидејќи правата се врзани за насловите, одеднаш едните инсистираат да се попишуваат тие што се надвор за да бројката биде апсолутно сигурна, ако моќе и поголема. Македонците пружаа отпор, потоа рекоа – чекај, и ние така и дојдоа до 4 милиони и двеста илјади во моментот кога се прекина пописот и се попишуваа со отварање пасош на скајп. Одеднаш прекинаа поради апсурдноста на резултатите и никој нема интерес да продолжи таквата операција, рече Фрчкоски

Според Пендаровски пописот, ако се одржеше, ќе покажеше дека се намалува процентот на Албанци, а бројот на Македонци драстично е намален

-Без да цитирам бројки, кои се разбира, накрајот нема да се точни, Албанците се многу малку над процентот што го имаа во 2002 година, со најверојатно паѓање под 20 проценти во главниот град, меѓутоа на ниво на дрѓава, Македонците паѓаат стравично надолу и тоа предизвикува политички консеквенци, како власта ќе објасни дека во време на нејзиното владеење се прави огромна дупка и тоа не само во источниот дел на земјата.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски