Македонија страда од длабока криза на медумите, според она што мжеше да се слушне од „бомбите“ на опозицијата, ништо не останало од професионализмот во новинарството и извештајот на Прибе го потврди она што и претходно беше познато – дека медиумскатата криза драматично се продлабочува во последните неколку години, ова беа дел од ставовите на учесниците на дебатата во организација на невладината организација „Профицио“, која беше посветена на состојбата со медиумите и со јавниот сервис, со наслов „Од пропагандно средство до професионални медиуми“.
– Кога ЗНМ се сретна со Питер Ванхауте, прва точка ни беше насилството врз новинарите. ЗНМ констатирале 23 случаи на насилство врз новинари во периодот од 2011 до 2015. од кои половината од нив, оваа година. Физички закани, оштетувања на имот, вербални закани, одземања на камери и фотоапарати од страна на полицијата за време на протести и други работи. Побаравме политичка одговорност од вицепремиерот Пешевски. Тој во нормално општество не би можел да остане на таа позиција по она што го направи, понатаму итно расветлување на насилствата од страна на обвинителството и судот, апелиравме до министерот Чавков а ќе побараме и од новиот министер што ќе биде во МВР да се засилат истрагите за напади врз новинари. Ако биде потребно ќе бараме овие случаи да ги преземе јавното обвинителстов, рече Зоран Фидановски, член на Советот на Агенцијата за медиуми.
За престојните парламентарни избори препораката е сосема да се забрани политичкото рекламирање за да се избегне корупција од стна на богатите владејачки партии, а јавниот сервис политчкото претставување да го прав бесплатно.
– И силно апелираме да ма дебати не само на националнио сервис, туку и на другите нацинални телевизии, додаде Фидановски.
Ако медиумите откријат доволно голем скандал, политичарите треба да си заминат, а кај нас владее еден морбиден амбиент
– Медиумите не се користат да ги информираат граѓаните, туку се користат да ги владеат граѓаните. Постојано се усовршуваат техники од „комуникацискиот генералштаб“ и се упатуваат кон граѓаните. Тие техники се како да се смирува бесот, како да се држат во страв граѓаните. Сега влегуваме во фаза во која стравот е ако нешто се промени во овој ред и поредок каков што е сега поставен – тогаш ќе настане апокалипса. Во Македонската телевизија се поздравиле со се’ што се нарекува професионализам и на вестите на јавниот сервис не можете да видите ништо што е една поста информација за тоа што се случува во државата. Се надевам дека овие преговори се почеток на една димензија на повторна професионализација на новинарствито, не само поделба на политичко влијание, затоа што тоа е нова опасност, рече Санта Аргирова, новинар.
За учеството на граѓаните во политиката, зборуваше Марјан Забрчанец, граѓански активист.
– Крајно време е да се потсетиме дека во односите во медиумскиот систем нема само две страни – новинарите и моќниците, односно партиите и сопствениците, има и трета страна, а тоа се граѓаните. Тие имаат очекувања од содржините што се пласраат на медиумите. Не само кај нас, туку и генерално во светот има еден нов подем на социјалните мрежи кои ја изместуваат ситуацијата во еден нов правец, односно граѓаните веќе се учесници во креирањето на медиумските содржини. Неопходна е дискусија на ниво на потребите на граѓаните и мора да се разговара за потребата од медиумска писменост, која е обрска на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги и на Македонската телевизија и да вдиме што треба овие институции да направат како коренити реформи во однос на потребите н граѓаните, рече Забрчанец.
На денешната дебата во ГЕМ стана збор и за говорот на омраза кој не се санкционира и за начинот на финасирањето на јавниот сервис во кој тој е директен зависник од владата и треба да се промени.