(ВИДЕО) Давидовиќ: Претседателот на Кривичниот суд да престане со двојните аршини

Од:

Се собравме да и кажеме на власта да го почитува својот потпис, тие со потпис ја избраа Катица Јанева за обвинител и тврдеа дека е таа најдобриот обвинител. Ги повикуваме и пратениците да ги почитуваат двата прста кои ги кренаа и дадениот глас за СЈО. Наместо јалови дебати треба да ги изгласаат законите кои требаат за да работи СЈО, рече адвокатот Ѕвонко Давидовиќ на протестот пред Собранието.

Прашањето од типот дали има искуство со злосторничко здружување и организиран криминал може да го поставите до членовите на Судскиот совет кои немаат една секунда искуство со организиран криминал, а ги бираат судиите од тефтерите на политичарите.
Тука сме да ги повикаме државните институции да го почитуваат законот и да ги достават доказите, исто така тука сме да го потсетиме Кривичниот суд, посебно неговиот претседател да нема двојни аршини и да не пишува образложенија толку многу колку што пресуди не напишал во својот живот.

Да му порачаме на СЈО да ја врши својата работа и дека ја има нашата поддршка, да ги гони криминалците. СЈО е должно секој што го прекршил законот без разлика кој е да го изведе пред лицето на правдата.

Овој народ не е глуп, сака своите деца да се тука до нив и сака правда за сите, кажа Давидовиќ во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата