(ВИДЕО) Давчевски: Инсистираме да се исправи неправдата, Универзална сала да се именува Тоше Проески

Од:

Советничката група на СДСМ и здружената опозиција на денешната седница на Советот на Град Скопје покрена две иницијативи, во интерес на граѓаните, рече на денешната прес-конференција советникот Драги Давчевски.

„Првата иницијатива е Универзална сала во Скопје да го носи името на Тоше Проески.

Инсистираме да се исправи неправдата што беше нанесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, веќе донесената одлука, Универзална сала да се именува Тоше Проески, да ја промени.

Ликот и делото на Тоше Проески остави длабоки траги во сеќавањата на сите наши граѓани и оваа сала треба да го носи името токму на личноста која е симбол на уметноста и хуманоста. Тоа е барање и желба на мнозинството граѓани на Скопје, но и на цела Македонија.

Втората e за намалување на цената на водата за пиење во Скопје за 30% поради:

–          Зголемената сиромаштија и намалената куповна моќ на граѓаните како резултат на погрешните економски политики на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

–          Неснаоѓањето на менаџерскиот тим на Водовод којшто нема капацитет да ги решава проблемите, не може да го зголеми процентот на наплата ниту да ги намали загубите.

–          Расипничкиот однос на градоначалникот Коце Трајановски и дрското трошење на парите на граѓаните за луксуз и за барокна зграда покрај Вардар којашто досега чини 10 милиони евра.

Сметаме дека со намалувањето на цената на водата ќе се создаде простор за зголемување на процентот на наплата и намалување на загубите на вода, со што ќе се подобри финансискиот прилив за околу 6 милиони евра годишно“, рече во име на Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје, советникот Драги Давчевски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ