(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Од:

Развојот на дигиталната инфраструктура и дата-центрите е процес што е неповратна иднина на човештвото, а државата е цврсто определена да биде лидер во регионот во оваа нова индустрија. Ова денеска го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово.

Коментирајќи ги актуелните полемики во јавноста, премиерот нагласи дека конкретната иницијатива во Општина Берово е приватна инвестиција за која одлучуваат локалните власти, но нагласи дека Владата институционално ги поддржува сите проекти од овој тип кои се во согласност со законите.

– Како држава апсолутно остануваме на нашата цел за развој на таков тип индустрија, бидејќи тоа е иднината и тој процес е неповратен. Се разбира, во согласност со законите, на места каде што има услови и каде што оваа индустрија може да се развива. Апсолутно, и политички, и како професор, и како инженер, стојам зад изградбата на нова индустрија и ќе ја поддржам целосно, а Владата ќе го преземе институционалниот ризик – рече Мицкоски.

Тој ги отфрли критиките на опозицијата околу потрошувачката на електрична енергија и системите за ладење, оценувајќи ги како нестручни и политички злоупотребени.

– Ова е пазарна демократија и пазарно општество, струјата ќе ја плати оној којшто ќе ја троши, по цена за којашто ќе се договори на слободниот пазар. Што се однесува до ладењето, се пласираат пораки стари по 20 години, а денес има сосема поинакви современи технологии во зависност од намената на тие дата-центри – истакна премиерот.

Мицкоски најави дека освен приватните инвестиции, државата активно работи и на изградба на сопствени капацитети за дигитална заштита и интероперабилност. Преку Реформската агенда со Европската Унија, од каде што се обезбедени грантови и поволни заеми, планирана е, рече, изградба на национален дата-центар.

– Ние веќе имаме секундарен дата-центар во Прилепско т.н. „recovery data center“. Преку Реформската агенда со ЕУ ќе изградиме нов примарен национален дата-центар кој преку системот на интероперабилност ќе ги собере сите институции на едно место и ќе обезбеди сајбер-заштита. Тој ќе биде поврзан со Прилеп, а како терцијално решение ќе имаме и национален „cloud“ каде што ќе се чуваат сите институционални податоци – појасни премиерот.

Според него, инвестициите во вештачка интелигенција и информатички технологии ги движат водечките светски економии, посочувајќи ги примерите на САД, Франција и земјите од Арапскиот Залив.

Како позитивен показател за домашниот потенцијал, Мицкоски го издвои фактот што оваа година е забележан пораст од 30 проценти на интересот кај младите за запишување на инженерските факултети, вклучително и на Машинскиот факултет во Скопје.

– Тоа значи дека младите јасно гледаат каде се движи светот. Нашата Влада ќе ја развива економијата врз основа на знаење, високи технологии и вештачка интелигенција кои носат додадена вредност за сите граѓани, порача премиерот Мицкоски од Берово – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?